НАТО сака мирно решевање на украинската криза

Од:

 НАТО сака кризата во односите меѓу Украина и Русија да биде надмината по дипломатски пат, изјави денеска данскиот генерал Кнуд Бартелс, кој е претседател на Воениот комитет на Алијансата.

Според него, НАТО ќе го поддржи процесот за намалување на тензиите и мирен излез од кризата, но истовремено останува на својот став за колективна одбрана на земјите-членки.

– Потврда за тоа е учеството на авиони-ловци на НАТО во патролните летови над Балтичкото Море и мисијата на разузнавачки авиони АВАКС над Романија и Полска, истакна Бартелс за време на отворањето на дводневната конференција на началниците на Генералштабовите на 28-те сојузнички држави.

Шефот на Воениот комитет нагласи дека денеска попладне началниците од Алијансата ќе имаат редовна годишна средба со украинските партнери. Тој потенцира дека во центарот на вниманието ќе биде актуелната криза во Украина, како и поддршката на НАТО за воената реформа во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности