НАТО: Русија да го повлече зголемениот број војници на границата со Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Русија испраќа голем број свои војници во Украина и руската страна на границата со таа земја и ја повика официјална Москва да ги повлече своите војници.

– Освен војниците, Русија на тие подрачја испраќа и софистицирана воена опрема, вклучувајќи и системи за воздушна одбрана, рече Столтенберг пред денешниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на Европска унија во Брисел.

– Станува збор за многу важно распоредување на воените сили и опрема и ние ја повикуваме Русија да ги повлече своите сили и да придонесе за имплементација на мировниот договор со Украина, изјави првиот човек на Северноатлантската алијанса, мислејќи на договорот за прекин на огнот, кој на 5 септември во Минск го договорија  претставниците на Русија, Украина и проруските сили во источниот дел на Украина.

Столтенберг додаде дека Москва би можела да биде дел од мирното решение за конфликот во источниот дел на Украина, а во спротивно може да продолжи да оди по патот на изолација.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa