НАТО протера осум руски дипломати од мисијата во Брисел

Од:

НАТО ги повлече акредитациите на осуммина членови на мисијата на Русија во Алијансата во Брисел, кои биле „непријавени руски разузнавачи“, изјави денеска претставник на НАТО, јави ДПА.

-Исто така, можеме да потврдиме дека на 10 го намаливме бројот на членови што Руската Федерација може да ги акредитира во НАТО, рече тој.

„Политиката на НАТО кон Русија останува конзистентна. Ги засиливме одвраќањето и одбраната како одговор на агресивните потези на Русија, но во исто време остануваме отворени за разумен дијалог“, додаде официјалниот претставник на Алијансата.

Руските медиуми го цитираат високиот руски функционер Лоенид Слуцки кој предмалку изјави дека Москва ќе возврати на одлуката на НАТО.

Слуцки, шеф на Долниот дом на парламентарната комисија за меѓународни работи, рече дека Русија нема нужно да возврати на истиот начин.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија