НАТО и таму инсистира на целосно повлекување на руските војници од украинската граница, изјави денеска во Брисел портпаролот на Алијансата, Оана Лунџеску.
Таа по повод денешниот состанок на Советот НАТО-Русија истакна дека разговорите биле закажани на иницијатива на рускиот амбасадор.
– Тоа е можност да ја разгледаме состојбата со безбедноста во Украина. Тој формат заседава за секакви ситуации и го остава отворен дипломатскиот канал за комуникација со Москва и покрај стопирањето на соработката на сите останати нивоа, додаде таа.
Според Лунџеску, условите за обновување на нормалната соработка со Москва е Русија да почне повторно да ги исполнува своите меѓународни обврски.
Во врска со дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, Лунџеску истакна дека тоа ќе биде првата таква средба од анексијата на Крим кон Руската Федерација и последната пред средбата на државните и владините лидери на земјите во Алијансата во Велс во септември. Меѓу темите на министерскиот состанок ќе бидат Украина, Грузија, Авганистан и кибер одбраната.