НАТО почна воени вежби во Балтичко Море, учествуваат и војници на Шведска и Финска

Од:

НАТО вчера ја почна поморската вежба во Балтичкото Море – „БАЛТОПС 22“, што ќе трае речиси две недели и на која ќе учествуваат повеќе од 7.000 морнари, пилоти и пешадија од 16 земји членки, но и од земјите апликанти за членство во Алијансата – Шведска и Финска.

Годишната поморска вежба „БАЛТОПС 22“, почната во 1972 година, не беше одржана како одговор на конкретна закана, меѓутоа, американските медиуми наведуваат дека Северноатлантскиот договор соопшти дека „со Шведска и Финска, НАТО ја користи шансата да ја зајакне отпорноста и силата во непредвидлив свет“.

Командантот на Здружените американски сили, генерал Марк Мили, изјави дека е важно САД и другите земји од НАТО да покажат солидарност со Финска и Шведска за време на вежбата.

Тој додаде дека, од перспектива на Москва, влезот на Финска и Шведска во НАТО би бил „многу проблематичен“ и ќе ја остави Русија во тешка воена позиција, бидејќи таа ќе биде целосно опкружена со членки на НАТО.

Финска и Шведска учествуваат во поморска вежба од средината на 1990-тите, а „БАЛТОПС 22“ ќе заврши во германскиот град Кил на 17 јуни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност