НАТО отвора центар за контрашпионажа во Полска

Од:

НАТО до крајот на годината во Полска ќе отвори центар за контрашпионажа, со цел да го зголеми собирањето разузнавачки податоци, поради зголемената закана од исток и југ, соопшти денеска портпаролот на полското Министерство за одбрана полковник Јацек Сонта.

Сонта истакна дека првиот шеф на разузнавачкиот центар во Краков ќе биде Полјак, а главна задача на центарот ќе биде препознавање и спречување разузнавачки закани, пренесува Танјуг.

Контраразузнавачкиот центар на НАТО ќе има свој огранок и на воениот полигон Лест во Словачка.

– Формирањето на центарот на сојузот ќе даде можности во соочување со заканите од исток и југ, истакна Сонта. Планот за новиот разузнавачки објект, официјално е усвоен минатата недела, на свеченост во сојузната команда на НАТО за трансформација во Норфолк, во Вирџинија.

Најавата на новиот центар доаѓа во време кога односите на НАТО со Русија се на најниско ниво од студената војна, поради судирот во Украина.

НАТО веќе има 21 извршен центар, кои се распоредени низ 28 земји членки, со широк спектар на активности од кибер одбрана и воена медицина до борба против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски