НАТО не се согласува Косово да добие своја војска и препрека за тоа се четири земји-членки на Алијансата, кои до сега не го признале Косово, изјави за весникот „Коха диторе“ висок претставник на Алијансата.
– Косово може да одлучи Безбедносните сили да ги претвори во војска на Косово, но таквиот чекор воопшто нема да и се допадне на Алијансата, имајќи предвид дека статусот на Безбедносните сили на Косово е нејасен и останува тема на расправа во НАТО, изјави претставникот на НАТО за весникот.
Тој додаде дека и во Алијансата се бара пат за излегување од сегашната ситуација, бидејќи припадниците на КФОР не можат вечно да останат на Косово.
Меѓутоа според него за оваа година најавената трансформација на безбедносните сили во војска е невозможна, без оглед на изјавата на високите претставници на Косово.