НАТО ќе разгледува долгорочни мерки како одговор на украинската криза

Од:

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО денеска во Брисел ќе ги разгледаат долгорочните мерки за одбрана на источните граници на Алијансата и за подобрување на нејзината способност да одговори на тактиката на Русија во Украина.

Во текот на трите месеца од почетокот на кризата во Украина, НАТО на истокот испрати авиони ловци и бродови и ги зголеми воените вежби, за да создаде чувство на сигурност кај своите источни земји-членки, кои изразуваат загриженост поради активностите на Русија.

Во исто време ,Алијансата јасно стави до знаење дека не планира воена интервенција во Украина.

– Јасно е дека тоа е најсериозната закана за стабилноста во Европа од завршувањето на Студената војна, изјави амбасадорот на САД во НАТО, Даглас Лот.

Минатиот месец врховниот воен командант на Алијансата, генерал Филип Бридлав коментираше дека е можно НАТО да размисли за потребата за постојаното стационирање на свои единици во Источна Европа. На тоа најмногу инсистира Полска, но прашањето е деликатно, бидејќи Москва смета дека тоа ќе биде прекршување на договорот меѓу Русија и НАТО од 1997 година. Други држави-членки на Северноатлантскиот пакт оценуваат дека мерката ќе биде прескапа и воено неоправдана.

Постои и мислење дека место да стационира војска на Истокот, НАТО треба да ја зголеми својата способност за брза реакција во кризи, откако претходно ќе распореди екипи во Источна Европа и ќе покаже подготвеност таму да испрати војска.

Тоа може да биде дел од планот за зголемување на борбената готовност на Алијансата, која според планот на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен треба да биде донесен во септември од на самитот на лидерите на земјите-членки во Велс.

На денешната средба се очекува САД да го постават прашањето за неопходноста од зголемување на буџетот за одбрана на земјите-членки на НАТО, по намалувањето што беше иницирано од глобалната криза во 2008 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности