НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој се уште е на функција, ја повика Кина да престане да ја поддржува руската војна во Украина и изјави дека помошта на Пекинг е значаен фактор за продолжување на војната.

„Кина стана одлучувачки поддржувач на руската војна против Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Осло.

Имено, „Кина е таа што овозможува производство на голем дел од оружјето што го користи Русија“, рече тој.

Столтенберг го предупреди Пекинг дека континуираната ескалација на војната во Украина може негативно да влијае на интересите и угледот на Пекинг.

„Ја повикувам Кина да престане да ја поддржува илегалната војна на Русија“, рече тој.

Кина претходно ги опиша сличните изјави на НАТО како „злонамерни“ и пристрасни.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он