НАТО ги зајакнува силите на руската граница

Од:

Министрите за одбрана на државите членки на НАТО, се согласија како одговор на украинската криза да ги зајакнат одбранбените капацитети на источните граници.

Од друга страна, пак нападите и гранатирањата во Украина продолжуваат, а бројот на жртви се зголемува од ден на ден.

-Ќе ги зајакнеме воздушните и поморски патроли од Балтичкото до Црно море. Правиме акционен план за долгорочно кревање на капацитетите, преку зајакнати вежби и разузнавачки активности -изјави генералниот секретар Андрес Фог Расмунсен, по првиот ден од министерскиот совет во Брисел.

Тој им се заблагодари на САД за финансиската помош, која што претседателот Обама им ја вети на членките на НАТО, за зајакнување на борбената готовност.

Инаку на состанокот е постигнат и договор, НАТО да и помогне на Украина да ги реформира и унапреди своите одбранбени сили.

Според најновите информации припадници на украинските сили на пункт во Красан Лиман, гранатирале железничари од Славјанск кои тргнале на работа, при што еден од нив е убиен, а друг повреден.

Украинската авијација ги бомбардирала болницата и централниот водовод во Славјанск, поради што дотурот на вода е во прекин. Како што соопштија украинските сили во последните напади загинале двајца, а се повредени 42 војници.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности