Вооружените сили од 14 земји-членки на НАТО денеска почнаа годишна вежба за симулирање на одбраната на територијата што ја покрива Алијансата користејќи нуклеарно оружје.
Во вежбите, наречени „Steadfast Noon”, учествуваат 60 авиони, вклучувајќи борбени авиони, авиони за надзор и полнење гориво, како и бомбардери Б-52 од САД, кои ќе летаат од Северна Дакота, според НАТО.
Вежбата ќе продолжи до 30 октомври, соопштија од Алијансата. Домаќин годинава ќе биде Белгија. Во вежбата ќе се користат само макети на нуклеарно оружје, објаснуваат од НАТО.