Мултинационалната коалиција во Авганистан, предводена од САД, ги демантира податоците во извештајот на ОН, во кој се тврди дека стотици авганистански деца се жртва на американските и НАТО воздушните напади, пренесоа американските медиуми.
Коалицијата подвлече дека посветува специјални грижи за да ги избегнува убиствата на цивили за време на НАТО операциите.
Таа соопшти дека бројот на децата, убиени или ранети во Авганистан во воздушните напади во 2012 година е намален за приближно 20 проценти во споредба со 2011 година.