НАТО: Бунтот на Вагнер ја покажа најголемата стратешка грешка на Русија

Од:

Бунтот на платеничка група „Вагнер“ изминатиот викенд го покажа степенот на стратешката грешка на Кремљ во водењето војна против Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Русија се обидува да го врати мирот откако борците на Вагнер го прекинаа брзото напредување кон Москва, се повлекоа од окупираниот јужен руски град Ростов на Дон и се вратија во своите бази во саботата вечерта според договорот што им гарантираше безбедност.

Нивниот лидер, Евгениј Пригожин, требаше да замине во Белорусија според договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко, објави Кремљ. „Настаните од викендот се внатрешно руско прашање и уште една демонстрација на голема стратешка грешка што ја направи претседателот (Владимир) Путин со неговата илегална анексија на Крим и неговата војна против Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Вилнус, главниот град на Литванија.

Вонредните настани од викендот ги оставија западните влади да бараат одговори за тоа што може да се случи следно во земјата со најголемиот нуклеарен арсенал во светот, како и нејзината војна во Украина.

Столтенберг рече дека НАТО ја следи ситуацијата во Белорусија и уште еднаш ја осуди најавата на Москва за распоредување на нуклеарното оружје во таа земја. „Не гледаме индикации дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје, но НАТО останува буден“, рече Столтенберг, додавајќи дека одвраќањето на НАТО е доволно силно да го заштити својот народ во се поопасен свет.

Во исто време, тој го увери Киев за континуираната поддршка на НАТО. „Ако Русија мисли дека може да не заплаши да ја поддржиме Украина, тоа нема да успее. Ние стоиме на страна на Украина се додека е потребно“, рече тој.

Столтенберг е во Литванија за да присуствува на вежба која ќе го тестира брзото формирање на борбена група на НАТО предводена од Германија со големина на бригада, воена единица до 5.000 војници, сценарио што треба да се изврши во случај на зголемени тензии или конфликт со Русија. Тој ги опиша вежбите како јасна порака дека НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од сојузничката територија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски