Наставата е откажана во училиштата во Мексико поради активноста на вулканот Попокатепетл

Од:

Властите во Мексико ја откажаа наставата во училиштата за повеќе од 100.000 ученици во неколку градови лоцирани во близина на вулканот Попокатепетл, чија активност е засилена во последните денови.

Наставата беше прекината во јавните и приватните училишта на сите нивоа во 22 града поради релативно мали, но силни ерупции што доведоа до паѓање на пепел, пренесува Ројтерс.

Учениците привремено ќе ја следат наставата онлајн бидејќи пепелта и гасовите исфрлени од ерупциите можат да бидат штетни, а во најлош случај може да доведат до масовна евакуација на населението.

Училиштата во главниот град останаа отворени, но властите препорачаа да се избегнуваат активности на отворено.

Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи го задржа жолтото ниво на тревога, што укажува на умерен ризик.

Попокатепетл е висок 5.426 метри и е вториот највисок вулкан во Мексико.

Се наоѓа на 72 километри југоисточно од мексиканската престолнина, а околу 25 милиони луѓе живеат во зона од 100 километри од кратерот.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба