Насрала: Хезболах ќе остане во Сирија се додека не бидат поразени џихадистите

Од:

Либанската шиитска организација Хезболах ќе продолжи да се бори заедно со сирискиот режим, се додека не бидат поразени џихадистите од Исламска држава (ИД) и сирискиот огранок на Ал Каеда, изјави лидерот на движењето Хасан Насрала.

– Дојдовме во Сирија да и помогнеме на земјата да не падне во рацете на ИД и Ан Нусра. Додека ни трае ангажманот таму, ние ќе останеме, истакна Насрала.

Тој даде ваква изјава една неделе откако Русија, големиот сојузник на Башар ал Асад, најави повлекување на главнината од својот воен контингент во Сирија.

– Без разлика дали Русите си заминуваат или остануваат, или пак Иранците, нашата судбина е нераскинлива со онаа на сириските браќа, нагласи лидерот на Хезболах.

Во 2013 година Хезболах испрати илјадници свои борци да му помогнат на режимот во Дамаск во борбата против џихадистите и бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници