Наскоро ќе има договор во ЕУ за ограничување на цената на гасот

Од:

Договорот за ограничување на цената на гасот во Европската унија е на дофат, изјави денеска комесарката за енергетска политика на Унијата Кадри Симсон.

– Цврсто верувам дека договорот е на дофат. Се разбира, тоа бара многу силен дух на компромис од сите, рече Симсон по пристигнувањето во Брисел на состанокот на министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ, кои треба да се договорат за ограничување на цената на гасот.

Грчкиот министер за енергетика Костас Скрекас оцени дека последниот нацрт на предлогот за ограничување на цената на гасот, според кој ќе се активира лимитот доколку пазарните цени надминат 188 евра за мегават-час три дена по ред, ќе биде добар компромис.

– Секоја стапка помеѓу 150 и 190/200 евра би функционирала. Мислам дека нивото од 188 (евра) ќе го даде вистинскиот сигнал на пазарите, изјави Скрекас по пристигнувањето во Брисел каде ќе учествува на министерскиот состанок.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фајнешал тајмс: ЕУ размислува да купи руски гас

А1он

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

ЕУ ќе обезбеди финансиска помош од 35 милијарди евра за Украина

Кос: Проширувањето на Европската Унија е процес заснован на заслуги

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ