Насилство во Газа: Убиени седуммина Палестинци и еден израелски војник

Од:

Најмалку седуммина Палестинци, меѓу кои и локален командант на Хамас и еден израелски војник, се убиени во вчерашните судири во јужниот дел на Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на изјави на официјални лица.

Официјален претставник на Хамас изјави дека насилството избило откако било пукано во група вооружени лица од автомобил во движење, во сопственост на израелските безбедносни сили. Израелските сили ја следеле групата Палестинци, а очевидци рекоа дека израелската авијација испукала повеќе од 40 ракети во таа област.

Според медицинските лица, седум лица се убиени, вклучувајќи го и командантот на Хамас Нур Барака.

Израелскиот премиер бенјамин Нетанјаху ја прекина посетата на Париз и веднаш се упати кон Израел по избивањето насилства долж границата со Појасот Газа, соопшти синоќа неговиот портпарол.

Како последица на насилствата, запрени или пренесочени се летовите од меѓународниот аеродром „бен Гурион“, кој е во полето на дострел на ракетите на палестинските екстремисти во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан