Норвешката полиција во средата соопшти дека уапсила маж кој избодел едно лице со два ножа и нападнало неколку лица во центарот на Осло.
Засега неименуваниот напаѓач на возраст од триесет години избодел еден маж во раката и нападнал уште неколку луѓе во близина.
Полицаецот од Осло потоа го извадил пиштолот и му наредил на напаѓачот да ги спушти ножевите, пренесува Ројтерс.
Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од тероризам.