Населението во израелските населби на Западниот Брег се зголемува двапати побрзо отколку во Израел

Од:

Населението во израелските населби на Западниот Брег се зголемило за повеќе од два проценти во првата половина на 2013 година – два пати повеќе отколку во Израел.

Во првите шест месеци од годината бројот на доселениците се зголемил за 7.700 (2,1 проценти) и достигнало 367.000 лица, додека прирастот на населението на израелска територија е два отсто годишно, јави израелското воено радио, цитирајќи податоци на Министерството за внатрешни работи.

Во малите изолирани еврејски населби на Западниот Брег, кои можат да бидат разурнати по евентуално потпишување на мировен договор со Палестинците, населението се зголемило за 2.400 лица во првото полугодие и достигнало 40.000 лица.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одби јавно да го објави замрзнувањето на доселувањето, како што бараа Палестинците пред обновувањето на билатералните преговори на крајот на минатиот месец во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ