Камерата на леталото на американската вселенска агенција НАСА успеа да сними џиновска ерупција на Сонцето.
Ерупцијата се случила на 16.ноември, а летири часа подоцна се случила уште една експлозија.
Соларната еруоција била толку голема што се проширила и надвор од опсегот на камерата на Опсерваторијата за соларна динамика, поради што е наречена соларно цунами.
На снимката се гледа како еруптира плазмата во долниот лев дел на Сонцето, се издига како лак и заминува во вселената.
Оваа ерупција не е насочена кон Земјата, па затоа и нема да има последици од слоларната бура на нашата планета.