НАСА открила уште десет огромни црни дупки

Од:

Моќниот телескоп на НАСА открил десет огромни црни дупки кои демнат во средиштата на оддалечените галаксии. Откритието, до кое научниците дошле сосема случајно, е резултат на работата на вселенските телескопи кои користат Х зраци.

– Гледавме познати мети преку телескопот и ги забележавме црните дупки во позадината на сликата, изјави Дејвид Александер, професор по физика на Универзитетот Дурам.

Десетте откриени црни дупки се само почеток на истражувањето на опсерваторијата, а научниците очекуваат стотина нови. Со категоризација на секоја како супер-масивна, научниците се надеваат дека подобро ќе ги разберат црните дупки.

Според НАСА, откривањето на супер-масивните црни дупки било клучен дел од сложувалката започната во 1962 година, кога астрономите забележале сјај на Х зраци во позадината на вселената, но не знаеле од каде доаѓало.

Денес, научниците знаат дека овој сјај доаѓа од оддалечените огромни црни дупки, од кои некои имаат маса неколку милиони пати поголема од масата на Сонцето.

Меѓутоа, овие форми на црни дупки се уште се истражуваат.

Би можело да ве интересира

НАСА ги објави земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ