НАСА објави најдобра фотографија на мистериозните светла на Церес

Од:

Мистеријата која се плете околу неколкуте светли точки на површината на џуџестата планета Церес, која се наоѓа меѓу Марс и Јупитер, доби нова димензија по објавата на до сега најдеталната фотографија од феноменот, од страна на НАСА.

Церес се најде мо центарот на интерес на јавноста откако леталото на НАСА, Dawn, на 16 мај ја фотографираше нејзината површина. На фотографиите потоа беа забележани светли точки кои се наоѓаат на подрачје широко околу 90 километри, а се од непознато потекло.

Иако научниците се запознати со светлата на Церес уште во 2004 година кога ги забележа телескопот Хабл, дури откако вселенското летало Dawn направи фотографии со висока резолуција а се уште не се знае потеклото на светлината, се разбуди голем интерес и во научниот и во јавниот свет.

Според хипотезите како можна причина се наведува специфичен мраз или депозити на соли. Научниците на НАСА веруваат дека околу 25 отсто од Церес се состои од вода, а некои веруваат дека џуџестата планета може да има повеќе слатка вода од Земјата.

„Светлата имаат особина која одговара на рефлексија од мраз, а и спектрот на обиена светлина одговара на мраз, така што веројатноста дека се работи за замрзната вода е голема“, вели астрономот Кристофер Расел.

Ако до сега не сте слушнале за планета Церес во сончевиот систем тоа е затоа што НАСА и Меѓународната астрономска унија кога се зборува за планети и џуџести планети ги признаваат Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун, како планети, а Ерис, Плутон, Макемаке, Хумеа и Церес за џуџести планети.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината