Компаниите Боинг и Спејс Х ќе работат на развој на нов вселенски брод за транспорт на американските астронаути до Меѓународната вселенска станица на барање на НАСА.
Проектот е избран на конкурс, на кој учествуваа неколку компании, изјави директорот на НАСА Чарлз Болдин. Развојот на нов американски вселенски брод ќе дозволи САД да се ослободат од зависноста од Русија за испраќање на астронаути до Меѓународната веселенска станица.
Сега меѓународните екипажи патуваат исклучиво со руските вселенски бродови „Сојуз“. НАСА се надева дека новиот вселенкси брод ќе може да го изврши првиот лет до 2017 година.