Целиот град Монтесито во американската сојузна држава Калифорнија синоќа доби наредба да се евакуира поради поројни дождови кои ги поплавија патиштата и предизвикаа излевање на реки.
Евакуацијата на 10.000 луѓе се случува на петтата годишнина од лизгањето на земјиштето во кое загинаа 23 луѓе и уништија повеќе од 100 домови во оваа енклава на Пацификот.
Шерифот на округот Санта Барбара, Бил Браун, рече дека наредбата за евакуација „се заснова на постојано високи врнежи од дожд, без индикации дека ќе се промени пред вечерта (по локално време).
Монтесито, сместен помеѓу брегот на океанот и високите планини, е град во кој живеат побогатите луѓе и познати како војводата и војвотката од Сасекс.
THIS SAYS IT ALL#SantaBarbara #Montecito #Goleta #CAwx pic.twitter.com/JZdWT9YUro
— Santa Barbara (@onsantabarbara) January 9, 2023
По должината на брегот, издадени се наредби за евакуација на околу 32.000 луѓе во округот Санта Круз поради надојдените реки.
Извор: МИА