Технолошкиот универзитет во Масачусетс – MIT работи на софтвер со кој се регистрираат промени во гласот.
Се работи за промени кои може да бидат показатели на појави на први симптоми на неуродегенеративното заболување Паркинсонова болест. Макс Литл работејќи на својот систем, следел состојба на 50 пациенти заболени од таа болест чиј глас е снима неделно во време од шест месеци.
Благодарение на тие податоци, Литл успеал да направи алгоритам кој открива во гласот промени директно поврзани за тоа заболување. Софтверот има дијагностичка прецизност од 86 отсто. Следниот негов чекор е да се соберат снимки од 10.000 гласови ширум светот.