Италијанскиот претседател Џорџ Наполитано објави денеска дека ќе остане на функцијата се до крајот на мандатот на 15 мај, со што стави крај на шпекулациите дека може да поднесе оставка за да се прекине политичката криза, јави ДПА.
Наполитано призна дека државата е соочена со проблеми, но рече дека ќе продолжи да ја извршува функцијата до крајот на мандатот.
Осумдесет и шест годишниот политичар наведе дека очекува да слушне нови предлози откако во првиот круг консултации со политичките лидери немало договор за состав на коалициска влада по изборите во февруари.