Наполитано: Не предизвикувајте предвремени избори

Од:

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано во пресрет на денешното гласање за доверба на Владата во Парламентот во Рим, ги повика пратениците да не предизвикуваат предвремени избори, оценувајќи дека таквата неизвесноста би ја загрозила Италија.

– Претседателот има должност да ја предупреди земјата и политичките партии на мошне сериозните ризици и последици за Италија кои би произлегле од натамошната дестабилизација и неизвесноста во политичко-институционалната рамка, порача Наполитано во писмото, кое го објави весникот „Кориере дела сера“.

– Сметам дека честото и мошне лесното прибегнување кон предвремени избори е една од најопасните италијански болести, рече претседателот алудирајќи на ендемската нестабилност поради која Италија од Втората светска војна имаше 64 влади.

Несогласувањата се секојдневна појава во необичната коалициска Влада, која беше формирана во април од традиционални ривали, откако Наполитано изврши притисок врз партиите на десниот и левиот центар заедно да состават кабинет и со тоа да и стават крај на двомесечната парализа по изборите одржани во февруари.

Парламентот денеска треба да гласа за доверба на Владата, со цел да се забрза усвојувањето на пакетот мерки за стимулирање на стопанскиот раст.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски