Актуелниот италијански претседател Џорџо Наполитано денесека е повторно избран за претседател на Италија во шестиот круг од изборите.
Наполитано (87) е првиот претседател во историјата на Италијанската Република избран за втор мандат на функцијата.
Тој се покажа како консензуална фигура откако избирачката комисија составена од пратеници од двата дома на Парламентот и претставници на 20-те италијански области ги отфрлија претходно предложените кандидати.
Според експертите изборот на претседател е клучен услов за излез од политичкиот ќорсокак, во кој се најде Италија по предвремените парламентарни избори што не резултираа со јасен победник.
Италијанскиот претседател има малку реални овластувања, но е гарант на Уставот и го отелотворува единството на нацијата.
Тој има седумгодишен мандат.