Тајландската полиција трага по напаѓачот, кој упаднал во градинка, избодел и пукал во деца и постари лица. Во нападот загинаа најмалку 30 лица, меѓу кои и деца, а се стравува дека оваа бројка не е конечна.
На социјалните мрежи е објавена фотографија од бараниот напаѓач.
UPDATE #กราดยิงหนองบัวลำภู: Conflicting reports about the number of casualties in Nong Bua-Lamphu childcare center shooting, but it seems much more than the initial 3.
Police have named a suspect, a 34-year fmr police officer. He’s still on the run. https://t.co/PsDgIjZluP pic.twitter.com/kUxx4ic53S
— Saksith Saiyasombut (@SaksithCNA) October 6, 2022
Според неофицијални информации, осомничениот се вика Пања Камраб, поранешен полицаец кој бил отпуштен од службата поради консумирање наркотична дрога.
Локалните медиуми јавуваат дека тој избегал со бел пикап, а јавноста е предупредена дека се работи за многу опасна личност.