Напаѓачот од Отава дејствувал сам и не бил поврзан со напаѓачот во Квебек, соопшти канадската полиција

Од:

Канадската полиција соопшти дека напаѓачот од средата во главниот град Отава, Мајкл Зехаф-Бибо, дејствувал сам и очигледно немал врски со извршителот на понеделничкиот напад во провинцијата Квебек, Мартен Руло.

Зехаф-Бибо, кој уби војник кај воениот меморијален споменик, а потоа го нападна Парламентот, каде беше застрелан, бил канадски државјанин, но можно е да имал и либиско државјанство, изјави полицијата.

Руло, кој со својот автомобил удри во двајца војници, од кои едниот почина, исто така беше застрелан.

– Немаме информация за врска меѓу двата напада од оваа недела, изјави началникот на полицијата Боб Полсон.

Според полицијата, Зехаф-Бибо имал намера да замине за Сирија и за таа цел сакал да му биде издаден пасош. Пред неколку години тој преминал во ислам и се залагал за радикални идеи, а канадските власти му го одзеле пасошот за да не може да патува во странство и да и се приклучи на некоја терористичка организација.

Полицијата соопшти дека и покрај претходно појавените информации, Зехаф-Бибо не бил вклучен на безбедносниот список со 90-тина набљудувани потенцијално опасни лица од страна на властите, кои можат да заминат во странство за да се приклучат кон терористички организации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски