Напаѓачот од Ница со години посетувал психолог во Тунис

Од:

Сторителот на нападот во Ница во четвртокот вечерта, Мохамед Лахуај Булел, пред да се пресели од Тунис во Франција во 2005 година, неколку години посетувал психолог, изјави денеска неговата сестра Рабеб Булел.  

– Мојот брат имаше психолошки проблеми. Ние на полицијата и дадовме документи кои докажуваат дека неколку години посетуваше психолог, изјави сестрата на Мохамед Булел, кој во четвртокот вечерта со камион влета во толпа луѓе во францускиот град Ница, при што загинаа 84 лица.

Француската полиција имала податоци дека Булел бил сторител на кривични дела, но тој не бил под присмотра на разузнавачките служби како потенцијален радикален исламист.

Претходно и францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев изјави дека ништо не укажувало оти Булел би можел да изврши вакво злосторство.

Би можело да ве интересира

Фудбалер на Ница се заканува дека ќе скокне од мост

Во Ница се преврте вагон на туристички воз, повредени се 11 лица

Ница го сака на позајмица Николас Пепе од Арсенал

Во Ница приведени уште четири лица поради терористичкиот напад

Ана Ололовска

И Ница воведува дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Вооружен инцидент во Ница: Жена нишанеше со пиштол кон полицијата

А1он