Напаѓачот на синагогата во Манчестер е идентификуван како Британец со сириско потекло

Од:

Британската полиција соопшти дека осомничениот за нападот во синагога во Манчестер, северна Англија, се верува дека е 35-годишниот Џихад ал-Шамие, британски државјанин од сириско потекло.

„Веруваме дека лицето одговорно за денешните напади е 35-годишниот Џихад ал-Шамие.

Тој е британски државјанин од сириско потекло“, соопшти полицијата во Манчестер, објави Ројтерс.

Ал-Шамие беше застрелан од вооружени полицајци откако со автомобилот се удри во пешаци и убил најмалку едно лице во близина на синагога за време на еврејскиот празник Јом Кипур.

Полицијата додаде дека тројца осомничени, двајца мажи на возраст од 30 години и една жена на возраст од 60 години, моментално се во притвор и се „уапсени под сомнение за извршување, подготовка и поттикнување терористички акти“.

Три лица беа убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, кој беше застрелан од полицијата, во напад во близина на синагога во Манчестер во четврток, објави Танјуг.

Нападот со автомобил и нож се случи во близина на синагогата на хебрејската конгрегација Хитон Парк за време на еврејскиот празник Јом Кипур.

Би можело да ве интересира

Скандал во Британија: Тони Блер обвинет за заштита на војници осомничени за воени злосторства во Ирак

Британската влада e обвинета за блокирање на објавувањето на документите на поранешниот принц Ендру

ИДФ: Извршен е воздушен напад врз терористички оперативец во Либан

Британската влада бара пари од Роман Абрамович од продажбата на Челзи

Британец шпионирал за Русија; „Сакал да биде Џејмс Бонд“

Руски хакери украдоа 4 терабајти тајни британски воени документи