Напаѓачите на верскиот храм во Есен се симпатизери на Исламската држава

Од:

 Двајцата средношколци кои што пред две недели во Есен  извршија бомбашки напад врз верски објект на верската група Сики во Германија се радикални исламисти и симпатизери на Исламска држава, се наведува во извештајот на Министерството за внатреши работи на покраината Северна Рајна Вестфалија. 

Двајцата 16-годишни напаѓачи на 16 април детонирале апарат за гаснење а пожар полн со експлозив на влезот на верскиот објект. Напаѓачите одбиле да признаат дека причините за нападот се верски, иако едниот од нив признал дека е симпатизер на ИД и Ал Каеда, а на полицијата и е познат поради закани за еврејски познаник.
 
Според извештајот напаѓачите кои што беа уапсени четири дена по нападот се припадници на радикална салафистичка група активна во Есен.
 
Сиките се монотеистичка верска група која што потекнува од Индиската држава Пенџаб, а во Германија живеат околу 40.000 нејзини членови.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке