Напаѓачи во Нигер убија најмалку 25 луѓе

Од:

Неидентификувани напаѓачи убија најмалку 25 луѓе во југозападниот дел на Нигер, последен во серијата смртоносни напади долж границата со Мали, соопштија денеска локалните власти.

Напаѓаќи на мотоцикли нападнаа камп на локална полиција за самоодбрана во близина на селото Бокорат, во регионот Тахуа, изјави градоначалникот на блискиот град Тилија, Атаване Абеитане.

Судирот траел неколку часа пред нигериските безбедносни сили да пристигнат на местото на настанот.

– Тоа се терористи кои дојдоа однадвор, ги имаше многу. Меѓу загинатите има и терористи, рече Атаване.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но оваа година локален огранок на терористичката Исламска држава уби стотици луѓе во руралните заедници во близина на границата со Мали.

Би можело да ве интересира

Воената хунта се закани: Ќе го убиеме соборениот претседател

Бунтовниците во Нигер тврдат: Француската војска ги нападнала припадници на националната гарда

Се собира војска, ќе има војна: 25.000 војници се подготвени

Предраг Петровиќ

Хунтата во Нигер го затвори воздушниот простор поради заканите за воена интервенција

Нигер: Воената хунта побара помош од Вагнер

Сменетиот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“