Непознати напаѓачи нападнале со мачета универзитетски професор во Бангладеш нанесувајќи му смртни повреди, соопшти полицијата.
Полицијата наведе дека нападот личи на претходните напади на исламисти на секуларни и атеистички активисти.
Професорот по англиски јазик Резаул Карим Сидике е убиен со мачета додека одел од автобуската станица до својата куќа во градот Раџшана.
Полицијата се уште не ги идентификувала осомничените, но образецот на нападот потсетува на убиствата кои претходно ги извршиле исламистичките екстремисти.