Напаѓачот во студентскиот кампус во Аризона е 18-годишен бруцош

Од:

Властите во Аризона соопштија дека осумнаестогодишниот бруцош Стивен Џонс е напаѓачот кој денеска отвори оган во кампусот на Универзитетот Северна Аризона во Флагстаф и притоа усмрти едно, а рани уште три лица, пред да биде уапсен од полицијата.

Џонс денеска извадил пиштол во текот на кавгата со неколку студенти на паркингот пред кампусот и почнал да пука по нив. Тројцата ранети студенти имаат повеќе рани од куршуми и се наоѓаат на лечење во Медицинскиот центар во Флагстаф, а не е соопштено во каква состојба се.

До пукотницата дошло само неколку часа пред американскиот претседател Барак Обама да гп посети Розебург, во Орегон, за да се сретне со семејствата на деветте лица кои минатата недела беа убиени во масовната престрелка на локалниот колеџ.

-Засега не е познато што е причината за кавгата, рече шефот на полицијата во кампусот Грегори Фолер.

Џонс не се обидел да бега при апсењето и соработува со полицијата, додаде тој.

– Кампусот, во кој настава посетуваат околу 20.000 студенти, е обезбеден и часовите ќе се одржат, додаде Фолер.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак