Билансон на жртвите од вчерашниот напад, што беше извршен во иранскиот Парламент и мавзолејот на ајатолахот Хомеини, достигна до 13 лица. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Иран Мохамад Хосеин Золфагари.
– При нападот се повредени 43 лица, додаде Золфагари.
Анонимен претставник на иранските служби за безбедност наведе дека напаѓачите биле ирански граѓани.
Во интервјуто за иранската државна телевизија, претставникот на Врховниот национален совет за безбедност на Иран Реза Сејфолахи, нагласи дека извршителите на двојниот напад се од Иран. Но, не даде дополнителни детали за случајот.
– Идентитетот на напаѓачите треба да потврди дека тие се од некои делови на Иран и се приклучиле на ИД, наведе анонимниот претставник.