Најмалку петмина добро вооружени лица денеска ги нападнаа чуварите на претседателската палата во Могадишу, што се чини како обид за заземање на комплексот, изјави полицаец од Сомалија.
– Безбедносните сили го одвратија нападот и убија најмалку тројца напаѓачи, додека размената на оган продолжи во околината, изјави капетанот Мохамед Хусеин.
Хусеин рече дека двајцата напаѓачи се префрлиле на хотелскиот паркинг во близина и дека не успеале да влезат во хотелот.