Нападната белоруската амбасада во Лондон, тешко повреден еден дипломат

Од:

Белоруската амбасада во Лондон беше нападната вечерта на 19 декември. Официјален Минск го повика времениот шеф на британската амбасада во Белорусија и побарал истрага по нападот на амбасадата на Белорусија во Лондон.

„Најпрвин група луѓе ја оштетиле фасадата на зградата на амбасадата, а потоа и физички ги нападнале белоруските дипломати кои пристигнале на местото на настанот. Еден од нив се здобил со тешки телесни повреди и му била потребна итна медицинска помош. Во здравствена установа бил констатирана е скршеница на носот, благ потрес на мозокот и трауматска фрактура на заб“, соопшти белоруското МНР.

Според Министерството, по пристигнувањето на органите на редот, радикалите се обиделе да побегнат од местото на настанот. Сепак, некои од напаѓачите беа приведени од дипломатската полиција на Лондон. Утврдено е дека лицата се наводно членови на радикалната емигрантска група Наџеја.

„Овој напад извршен врз лица, кои ги штитат интересите на белоруските граѓани и работат на подобрување на меѓудржавните односи, уште еднаш елоквентно го покажува вистинското лице и методите на фанатиците, кои голем број западни земји се обидуваат да ги префрлат како мирни демонстранти“, нагласи министерството.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити