Бомбаши-самоубијци утрово нападна американска воена база во Авганистан, соопштија локалните власти.
Инцидентот се случи во источната авганистанска провинција Нангархар, во близина на границата со Пакистан.
По нападот дошло до престрелка, но засега нема податоци за евентуални жртви. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.