Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во Техеран

Од:

Израел започна воздушни напади врз централен и западен Иран, откако Иран во неделата лансираше 10 ракети во северен Израел како одговор на израелските напади врз јужните предградија на Бејрут.

Иранската државна телевизија објави дека се слушнале експлозии во Исфахан, Карај, Тебриз и Техеран, но нема дополнителни информации за жртви или материјална штета, објавува „Гардијан“.

Сведоци во Техеран потврдија дека се слушнала најмалку една силна експлозија западно од централните области на иранската престолнина.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека успешно ги пресретнале сите ирански балистички ракети.

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не „одмаздува“, велејќи дека е незадоволен од ескалацијата и дека тоа нема да помогне во преговорите со Техеран.

Би можело да ве интересира

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени