ВИДЕО: Терористички напад на аеродромот во Истанбул: Најмалку 28 мртви, над 60 повредени

Од:

Најмалку 28 луѓе погинаа, а над 60 се повредени во самоубиствениот напад кој вечерва се случи на аеродромот “Ататурк“ во Истанбул.

Двајца бомбаши самоубијци ги активирале прслуците со експлозив на влезот, односно халата на аеродромот, пред да ја поминат сигурносната контрола.

Турските медиуми наведуваат дека таксистите и помагаат на брзата помош и ги превезуваат ранетите до болница, а на социјалните мрежи се појавуваат се повеќе слики од последиците на експлозијата.

Официјални лица на турската влада потврдија дека се работи за две одвоени експлозии на аеродромот, во кои погинале најмалку 28 луѓе, а десетици се повредени. Се наведува дека еден од напаѓачите прво почнал да пука од калашњиков, а потоа откако им било возвратено од полицијата, се разнеле и двајцата со експлозивот кој го носеле на себе.

Според првите проценки на полицијата, зад нападот стојат џихадисти на Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар изби во напуштена барака во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Во влез од зграда во Скопје нападна и допираше девојка, ОЈО отвори постапка

А1он

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Обид за убиство во Крива Паланка, ја избодел со нож во вратот

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија