Нападнал пророчица, бидејќи девојка му го оставила

Од:

Четириесет и осумгодишниот турски државјанин, Метил Колкилиц се обидел да ја убие Загорка Јованович, која што во Германија е позната како „Видовита Есмералда“, бидејќи бил револтиран од нејзиното гледање во карти и советите кои што ги дала на неговата девојка, со која од неодамна бил во врска.

Девојката чиј што идентитет не се споменува, одлучила да ја посети познатата Есмералда, бидејќи новото момче не и влевало доверба.

Картите на Есмералда ги откриле сомнежите на девојаката и таа и препорачала да ја прекине врската со него.

-Те советувам доколку сакаш да бидеш среќна, да и ставиш крај на оваа врска и да се обидеш да ја обновиш старата, бидејќи само покрај тој човек ќе бидеш безгрижна и среќна, и рекла Есмералда на девојката која веднаш го прифатила советот.

Кога Колкилиц дознал дека видовитата Загорка има врска со прекинувањето на нивната врска, вооружен со нож, заминал до нејзината куќа, а кога таа му отворила и нанел удар во врат и побегнал.

Благодарение на присебноста на нејзиниот сопруг и брзата лекарска интервенција, Есмералда преживеала. Полицијата се уште трага по Колкилиц, за кого се сомнева дека побегнал во Турција.

Германската јавност моментално се занимава со прашањето, како познатата видовита жена не го предвидела нападот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Хорор во Германија, 13-годишно девојче ја уби својата седумгодишна сестра

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Експлозија во Германија: Голем број полицајци и експерти за експлозиви се на местото на настанот

Горан Наумовски

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Мицкоски: Имавме продуктивен состанок со германската Стопанска комора