Според известувањето на француските агенции, се случил нов оружен напад во шопинг центарот “Лес Халес“ во Париз. Во меѓувреме киднаперите кои држат околу сто заложници во концертната сала во Париз, излегоа и пукаа кон полицијата. Не е познато колку жртви има во салата, но според проценките се работи за најмалку 15 убиени луѓе.
Според пишувањата на Твитер од очевидци, напаѓачите извикувале “Алах Акбар“ а на француски “Ова е за Сирија“.
Според досегашните податоци, има најмалку 60 убиени жители на Париз, но бројот се стравува дека ќе биде многу поголем.