Три лица облечени во униформи на авганистанската војска упаднале денеска во американска база во источниот дел на Авганистан и отвориле оган, при што загинал еден цивил, а тројцата напаѓачи се потоа убиени.
Портпаролот на американската војска, мајор Адам Воџек, истакна дека авганистански и претставници на НАТО го истражуваат овој инцидент, кој се случил во дистриктот Тагаб, во провинцијата Каписа.
Неименуван локален авганистански функционер изјави дека избил судир меѓу авганистански и американски сили, во кој имало жртви, не откривајќи повеќе детали.
Талибанците ја отфрлија одговорноста за овој напад во провинцијата Каписа, каде се активни и други помали бунтовнички групи.