Напад со нож во училиште во Осло, четворица повредени

Од:

Ученик во едно основно училиште во Осло денеска повреди еден наставник и уште тројца вработени, соопшти норвешката полиција.

Ученикот е уапсен по наводите дека вработените ги нападнал со нож, пишува британски „Индипендент“.

Американски медиуми јавија дека едно лице вооружено со нож упаднало во училиште во главниот град на Норвешка и повредило четири вработени, меѓу кои и наставник.

Дежурниот полициски службеник во училиштето за норвешкиот весник „Дагбладет” изјавил дека нападнатите лица имаат траги од гризнувања и дека биле прободени од вилушка.

Нападнатите вработени во училиштето Бринсенг, во источниот дел на Осло, биле префрлени в болница со полесни повреди.

Свен Кристијан Ли, од полициската управа во Осло, изјави дека е почната истрага и полицајците ги испрашуваат сведоците.

– Уапсениот е многу младо момче. Не можам да кажам во кое одделение. Уапсен е во училиштето, изјави Ли.

Во полиција околу 8.30 по локално време било пријавено дека ученик му се заканува со нож на наставник.

Се наведува дека учениците биле сведоци на овој настан, но ниту еден од нив не бил повреден.

Инцидентот се случи во училиште отворено во 2017 година, во кое учат 800 ученици.

Локалните медиуми известуваат дека една од наставничките им испратила порака на родителите дека ситуацијата сега е „мирна и под контрола”.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани