(ВИДЕО) Терористички напад во Индија: 12 мртви и 15 повредени

Од:

Најмалку 12 лица се убиени, а 15 повредени во денешниот напад изведен од група напаѓачи кои носеле воена униформа. Групата отворила оган на преполниот пазар во индиската држава Асам, во североисточниот дел на земјата.

Полициските власти соопштија дека нападот бил извршен од шестмина бунтовници кои фрлале бомби и пукале на пазарот.

Агенциите пренесуваат дека еден од напаѓачите е убиен и оти во тек истрага на безбедносните сили за другите пет.

Во нападот се оштетени неколку куќи и продавници.

Полицијата верува дека за нападот е одговорна фракцијата на Националниот демократски фронт кој се залага за одвојување на еден дел на Асам на североисточниот дел на земјата и создавање на независна држава Бодоланд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

(ВИДЕО) Едно лице загина, а едeн e повреден во терористички напад во Израел

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Селаковиќ: Се чувствувам добро, синоќа непознато лице ме нападна од зад грб