Напад на нигериските исламисти во Бама, 55 загинати

Од:

Во координиран напад на исламистичката група Боко Харам на градот Бама, ослободени се над 100 затвореници и убиени се 55 лица, пренесоа британските медиуми.

Приближно 200 тешко вооружени членови на Боко Харам, со автобуси и пикапи, пристигнале во североисточниот град Бама и прво координирано ги нападнале касарните и полициската станица, пред да упаднат во градскиот затвор, посочи портпаролот на армијата.

Загинале 22 полицајци, 14 чувари во затворот, двајца војници и четворица цивили, како и 13 напаѓачи.

Вооружените напаѓачи ослободиле 105 затвореници.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи