Напад на ирачките сили врз упориште на ИД во градот Хавиџа

Од:

Ирачките безбедносни сили и шиитски паравоени групи денеска започнаа напад врз градот Хавиџа, западно од Киркук, кој е едно од последните поголеми упоришта на исламистичката група Исламска држава.

Хавиџа е опколена веќе десетина дена. Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади изјави дека целта е областите западно од Киркук во целост да бидат ослободени од исламистите на ИД.

ИД го освоил овој град со 70.000 жители во 2014 година, во екот на нивната офанзива низ сунитските делови на Ирак кога исламистичката група освои една третина од ирачката територија. Меѓународни организации за заштита на човековите права ја обвинија ирачката армија и особено придружните шиитски единици дека вршат злосторства врз сунитското население во околината на Хавиџа.

По падот на Мосул во јули, и со нападот врз Хавиџа, од ирачката територија ИД останува активен само во области на границата со Сирија.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак