Исландската метеоролошка служба соопшти денеска дека е намалено нивото на предупредување за воздушниот сообраќај од највисоко, црвено на портокалово за вулканот Бардарбунга, во централниот дел на Исланд.
Одлуката следеше, откако немаше знаци за вулканската активност на Бардарбунга, соопшти Метеорлошката служба.
Службата претходно го подигна нивото на црвено, откако детектираше мала ерупција под површината на околниот глечер Ватнајокул.
Два земјотреси, еден со интензитет од 5,3 степени, а друг од 5,1 степен според Рихтеровата скала го потресоа Бардарбунга, по што беше прогласено црвено ниво на опасност во сообраќајот, поради пепелта, која излегува од вулканот и забранети се летовите во регионот.